Какво е чувството при капењето во познатото розово езеро во Австралија?

езеро хилиер розово езеро
Профимедиа

Розовото езеро Хилиер изгледа како глазура на роденденска торта, но како е да се капеш во него?

Направени се бројни истражувања за да се дознае зошто ова езеро е розово, но конечен одговор не постои. Најиздржана претпоставка е дека се работи за пигмент кој го испуштаат алги и кој поради солите во водата добива розова боја.

Ова езеро е солено и е безбедно за пливање. Записи за него постојат и од 1802 година, од британскиот морепловец Метју Фајндерс.

Според оние кои веќе се искапиле тука, чувството е исто како и во обично море, но самата боја прави впечатокот да биде многу поинаков.

Дури и кога ќе се земе вода од ова езеро во чаша, таа и понатаму останува розова. Една од препораките е оние кои се капеле во езерото потоа да се истушираат со чиста вода.

Интересно е што во Австралија постои уште едно розово езеро, познато токму под тоа име, Розово Езеро, кое претходно се викало Спенсер. Но, со текот на годините на ова езеро му избледела, поради човечко влијание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот