КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СТУДЕНАТА ВОЈНА: Американците „воскреснаа“ војнички Боинг, а Русите ќе модернизираат сопствен бомбардер

Фото: YURI KADOBNOV / AFP / Profimedia

Русија одлучи да го врати во составот на Воздухопловните сили носачот на ракети со долг домет „Ту-22М3“, кој се наоѓа во база во близина на Хабаровск, пренесува „Милитари воч“.

Авионот треба да биде доставен во фабриката за авиони во Казањ, каде ќе биде модернизиран на ниво на леталото „Ту-22М3М“.

Магазинот наведува дека „Ту-22М3“ и понатаму е релативно модерно и сурово летало, кое е во можност да изврши напад врз цели во Европа и Азиско-тихоокеанскиот регион од базата во која се наоѓа во континенталниот дел на Русија. Покрај тоа, носачот на ракети за време на моденизацијата може да биде опремен со хиперзвучни противбродски ракети.

Оваа одлука е донесена откако САД од своите „гробишта за авиони“ во Аризона го вратија бомбардерот „Б-52“.

Фото: Б-52/NASA Photography / Alamy / Profimedia

„Милитари воч“ пишува дека САД и Русија, поради сѐ поголемите тензии во односите, го зголемиле развојот на новите летала како што е рускиот авион „Туполев ПАК ДА“ и американскиот Б-21 „Рајдер“. Покрај тоа, двете земји вложуваат напори за да ги вратат во употреба воените машини кои се произведени за време на Студената воја, а во 1990-тите практично се „пензионирани“.

Засега е нејасно колку „пензионирани“ авиони Русија планира врати во употреба, но се верува дека земјата има доволно резерви за воспоставување на неколку нови ескадрили во полн состав, истакнува „Милитари воч“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот