КАКО ВО ЧЕРНОБИЛ: Во Косово се верификуваат гласовите од Србија (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Експрес

Службениците на Централната изборна комисија на Косово, денеска го почнаa процесот на верификација на пликоата со гласачките ливчиња кои пристигнале во Косово од Србија.

Но, овој прцес од страна на Косовците се врши под детални заштитни мерки. Со маски, посебна облека, капи и ракавици, службениците го вршат овој процес, јавува Експрес.

Фото: Експрес

На 13 октомври во Косово броењето на гласовите од Србија беше прекинато, откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата пристигнати од Србија. Во Инфективна болница во Приштина беа хоспиталзирани 12 претсавници од ЦИК кои се жалеле на алергиски реакции, но откако анализите покажаа дека не станува збор за заразна инфекција тие беа пуштени дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот