Најбогатите луѓе во светот/ Фото Архива на Слободен печат

Како технолошките магнати капитулираа пред Трамп? Маск не е единствениот кој прејде на негова страна

Зошто шефовите на американските технолошки гиганти ја поддржуваат политиката на Доналд Трамп? Не се работи само за милијардерот Илон Маск, сопственик на платформата X, туку и за други сопственици на на глобалните технолошки гиганти

Шефовите на големите американски технолошки компании до сега се однесуваа како супербогати кралеви кои поседуваат дигитални империи. На пример, шефот на концернот Мета, Марк Закерберг.

Милијарди луѓе ширум светот ги користат неговите мрежи. Посебно во САД каде што до сега повеќе или помалку можеше да ги дефинира правилата што важеа на тие платформи.

Пред првиот мандат на Трамп, Цукерберг се бранеше од нападите на Трамп, а за возврат Трамп дури му се закани со затворска казна. Пред почетокот на вториот мандат на Трамп, ситуацијата се чини дека е поинаква. Како што стојат работите, Цукерберг попушти и ја следи линијата на Трамп.

„Би сакал да зборувам за една важна работа. За слободата на говорот на Фејсбук и Инстаграм“, рече Закерберг минатата недела во видеото кое предизвика внимание и дискусија низ целиот свет. Во исто време, тој употреби зборови кои веројатно навистина ги радуваа Трамп и неговиот близок соработник Илон Маск.

Марк Закерберг / ЕПА

Тој зборуваше, на пример, за „традиционални медиуми“, медиуми кои, како што рече Цукерберг, цензурираат содржина. Тоа не се совпаѓа со фактите. Оние содржини кои не се во согласност со правилата за нивна употреба се бришат од платформата. Не е цензура, се работи за умереност.

Во Мета, како што рече шефот на тој концерн, правилата во овој поглед треба значително да се ублажат. Закерберг сака да ја врати слободата на говорот на своите мрежи, се наведува во соопштението.

Жените како предмети за домаќинството?!

Во иднина на Инстаграм или Фејсбук ќе може да се каже многу повеќе од дозволеното – и без страв од последици. На пример, во иднина платформата нема да смета дека е кршење на правилата кога некој ќе ги прогласи жените за предмети за домаќинството.

Технолошкиот репортер Кејси Њутн на подкастот Хардфорк рече: „Јас сум геј. И можеш да ми кажеш дека сум ментално болен. Ова значи дека сега ќе  може да најдете повеќе насилство на Фејсбук „и последицата ќе биде дека повеќе од  луѓето ќе претрпат штета и навреди  поради тоа“.

Мета најави дека ќе ги прекине своите тимови за проверка на  фактите  во САД, кои ја проверуваа веродостојноста на одредени тврдења или информации. Се укинуваат и програмите кои промовираа поактивна улога на жените, на афроамериканците  и на Латиноамериканците во таа компанија.

Која е причината?

Но, зошто Цукерберг го прави ова? И тоа  само неколку дена пред враќањето на Трамп во Белата куќа?

Во медиумите се анализираат  две теории. Тој, како што тврдат некои, едноставно го кажува она што новата администрација сака да го слушне – од опортунизам. Затоа што не сака да ги загрози бизнисот и профитот преку евентуален конфликт со властите.

Другата  теорија вели дека Закерберг доживеал трансформација во некаков „МАГА-марк“. Она што се нарекува капитулација пред Трамп всушност воопшто не е капитулација, се  вели во оваа теорија.

Цукерберг навистина го мисли она што го кажува и мисли дека неговите платформи се премногу „разбудени“, анализираат медиумите.

Кевин Руз, технолошки колумнист за Њујорк Тајмс, смета: „Немам докази за таа теорија, но пријателите што го познаваат ми кажаа дека станал конзервативен во последниве години.

Џеф Безос / Фото EPA/ALESSANDRO DI MARCO

Донација од Безос, и од шефот на Гугл

Закерберг треба да присуствува на инаугурацијата на Трамп – и очигледно тој не е единствениот технолошки милијардер кој сака да биде близок со новиот американски претседател.

Основачот на Амазон и член на управата на тој гигант Џеф Безос следната недела ќе престојува во Вашингтон. Тој, исто како и Цукерберг, донирал милион долари во „инаугуративниот фонд“ на Трамп.

Овој фонд ги финансира свечените вечери и приеми кои традиционално се организираат по повод инаугурацијата на новиот претседател.

Безос веќе го посетил  Трамп во неговиот клуб во Мар-а-Лаго, Флорида. Во меѓувреме, Амазон ги отстрани референците за различноста на компанијата од својата веб-страница.

И шефот на Гугл  се приклучи на новиот тренд. Гугл исто така донираше 1 милион долари на Трамп по повод инаугурацијата. И бројни други компании донираат пари, но не е јасно ниту зошто, ниту кои би можеле да бидат причините за тоа?

Сундар Пичаи / Фото: Sajjad HUSSAIN / AFP / Profimedia

Факт е дека големината и моќта на технолошките гиганти се повеќе се критикувани во Вашингтон со години. Американските власти веќе подолго време го истражуваат Гугл , а во најлош случај, на компанијата и се заканува можност да се подели на два или повеќе дела.

Што е со Мајкрософт?

И Мајкрософт донирал пари, но она што најмногу значи за оваа компанија, но и за другите технолошки гиганти, е регулирањето на вештачката интелигенција. Мајкрософт тесно соработува со креаторите на ChatGPT од OpenAI и има свој интерес да се осигура дека законодавството не е поставено за премногу да го ограничува идниот бизнис.

Бил Гејтс – Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Скот Галовеј, професор на Универзитетот во Њујорк и водител на добро познат економски подкаст, во интервју за MSNBC рече:

„Новоизбраниот претседател им се заканува на оние кои не му донираат со прогон и прописи. Од ден на ден се повеќе личиме на Русија“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот