Како со помош на лимон да го решите проблемот со сува кожа?

profimedia

Пресечете го лимонот и истискајте ги и двете половини. Ставете ги двете половинки на масата и во нив ставете ги лактите и притискајте лесно околу десетина минути.

Грубата кожа на лактите бара големо внимание. Често останува сува, но и покрај хидратантниот лонсион за тело и маслата, не се постигнува посакуваниот ефект.

Освен тоа, на лактите речиси воопшто не се наталожуваат масти па затоа тие се често суво подрачје од телото.

Меѓутоа, еден едноставен домашен третман сјајно помага.

Имено, се што во иднина ви треба за меки лакти, е само еден лимон. Држете ги половинките од лимон на лактите околу десетина минути. Овошната киселина од лимонот ќе го омекне горниот груб дел од кожата.

На крај измијте ги детално и исушете ги. По третманот не заборавајте обилно да ги намачкате со крема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот