Како се организираат гласачите од Република Српска во близина на белградската Арена

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот портал „Нова.рс“ објави видео запис од Арената во Нов Белград, каде се носат гласачките ливчиња од Република Српска, а на кое се слуша како маж кој се претставува дека е од Република Српска ги упатува гласачите на понатамошни постапки.

Можеме ли да гласаме овде, немаме време?“, праша еден од присутните од организацијата.

„И таму ќе гласате, влезете од другата страна“, се слуша како одговара постар човек од организацијата, па продолжува: „Имате штанд, пишува Савски венец, Вождовац…“

Потоа група мажи наводно од Република Српска се упатуваат кон Арената, со потсмев коментирајќи дека не се од тие општини, пишува српскиот портал.

Потоа се слуша како еден од нив вели дека не сака да се фотографира. Репортерите на порталот Нова.рс утринава го посетија просторот околу Арената каде затекнале десетици лица за кои се претпоставува дека се гласачи кои биле донесени од Република Српска.

На Твитер утрово беше објавено видео снимено во еден од автобусите кои донесоа гласачи во Србија, а на него се слуша како авторот им објаснува на гласачите дека тоа што го прават е незаконски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот