Како Карло Понти од селанка ја направил Софија Лорен: Ја натерал да ослабне и да се однесува поинаку, да чита класична литература и да ниша со колковите додека оди!
Нивната љубов ја налутила цела Италија, но тие двајцата сакале само да бидат среќни.
Карло Понти ѝ рекол на Софија Лорен дека е многу добра глумица и дека ќе стане ѕвезда, но мора да ги намали колковите и малку да го скрати носот.
Препорачано
На Софија ѝ било непријатно тоа да го слуша, се сакала себеси на начинот на кој изгледа. Рекла дека нема ништо да менува на себе.
По тие зборови, Понти бескрајно ја почитувал, зашто до тогаш бил навикнат на фактот дека девојките се подготвени да направат се само за да станат познати. Не можел да се одрекне од идејата од Софија Лорен да направи ѕвезда. Подоцна објаснил дека се чувствувал како златар кој во своите раце држи многу редок и скапоцен дијамант.

Понти со месеци се допишувал со Софија, ја учел како да зборува без наполитански акцент, како да се шминка и чешла, за да не изгледа како провинцијалка.
Ја натерал да чита класична литература и да слуша класична музика.
Дури и ја наговорил да оди нишајќи ги колковите. Во една голема просторија местел маси со отворени фиоки во цик-цак, а Софија поминувала меѓу нив и со колковите ги затворала фиоките.
Бидејќи нејзиното вистинско име е Софија Вилана Шиколоне, Понти ѝ го измислил псевдонимот Софија Лорен по кој станала позната.
Софија Лорен и Карло Понти живееле заедно половина век. Софија постојано зборувала дека без сопругот не би била тоа што е, и дека самиот бог ѝ ја испратил таа љубов.


