Како Италијанците прават топло чоколадо? Додаваат две состојки што даваат посебен вкус

Фото: Public domain pictures

Нема некој што не сака шолја од оваа чоколадна напивка во зимските денови. Постојат многу верзии, а топлото чоколадо со цимет и мед е помодерна варијанта на овој класичен пијалак, кој е толку ароматичен поради зачините и целосниот вкус што дополнително му го дава медот.

Ако сте љубител на топло чоколадо, погледнете како Италијанците го прават.

Состојки:

– 30 г полномасно млеко
– 6 лажици какао во прав
– 2 лажици мед (додајте уште 2 лажици по вкус)
– 1/2 лажичка мелен цимет
– 1/2 лажичка чили во прав
– прстофат морска сол
– 1/2 шолја слатка павлака за шлаг (опционално)
– стапчиња цимет за декорација

Подготовка:

За топлото чоколадо со цимет и мед, прво сипете го млекото во тенџере со средна големина и ставете го на средна температура. Изматете ги какаото, медот и зачините. Продолжете со матење додека млекото не стане врело. Пробајте и додајте уште мед во топлото чоколадо, ако е потребно.

Во меѓувреме, изматете ја слатката павлака за шлагот. Топлото чоколадо сипете го во шолји, додајте лажица шлаг и стапче цимет и завршете со прстофат чили во прав. Уживајте во топлото чоколадо со цимет и мед!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот