Како до милиони следбеници? Најплатениот јутјубер во светот го откри методот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Најпознатиот светски јутубер со најголема заработка во историјата, „MrBeast“, ја откри својата идеја поради која сериозно ги зголемил своите следбеници, а притоа секојднено стекнува милиони нови фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

Јутјуберот, чие вистинско име е Џими Доналдсон, има речиси 200 милиони претплатници на неговите канали, а неговиот главен канал е петти најпретплатен канал на ЈуТјуб. Тој неодамна го откри својот прилично едноставен и брз метод што го користел за да ги зголеми своите следбеници.


Додека гостуваше во подкастот на комичарот Џо Роган, тој ги спомна неговите даб канали кои, како што сугерира името, ги прикажуваат неговите видеа преведени на други јазици.

„Помалку од 10 проценти од луѓето во светот зборуваат англиски. Ние ги преведуваме сите наши видеа и на други јазици. Ги објавуваме истите видеа како на главниот канал, но плаќаме на актерите да ги снимаат на други јазици. Го преведуваме и текстот на видеото, сè“, објаснил тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)

MrBeast додаде дека неговиот „MrBeast en Español“ бил еден од најбрзо растечките канали минатата година. Ова може да се потврди ако се земе предвид дека шпанската верзија на неговиот канал имаше 300.000 гледачи, за една година да скокне на неверојатни 22 милиони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MrBeast (@mrbeast)


Се чинеше дека Роган беше воодушевен од идејата, велејќи му на „MrBeast“: „Тоа е толку паметно. Колку одлична идеја, човеку“.

Минатата година заработил 54 милиони долари

И неговата одлична идеја не се исплатеше само во однос на претплатниците и прегледите. Претходно оваа година, Форбс откри дека „MrBeast“ моментално е најбогатиот и најдобар инфлуенсер во целиот свет, со заработка од неверојатни 54 милиони долари само во изминатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот