Како да направите освежувач за воздух?

Еве како да направите природен освежувач за воздух со свои раце, кој не само што ќе и подари на просторијата арома на хармонија и удобност, туку ќе биде и благотворен за вашето здравје.

Оригинално и многу едноставно!

Арома дифузер во домашно производство – не само што е природен и корисен освежувач на воздух, туку е и модерен елемент за ентериерот.

За негова подготовка потребно ви е:

-Мал стаклен сад

-бамбус стапчиња (обични стапчиња за режничиња)

-растително масло (сончогледово, маслиново итн)

-етерично масло (едно или неколку)

Подготовка:

Истурете мала количина од маслото во стаклен сад, додадете неколку капки етерично масло, количеството зависи од индивидуалниот осет за мирис.

На бамбусовите стапчиња пресечете им ги острите врвови и малку израмнете ги…Ставете ги стапчињата во стаклена тегличка (шишенце)со четкичките надолу (така поубаво течноста ќе се впива). Од количината на ставените стапчиња зависи интезитетот на аромата, повеќе стапчиња-посилен мирис.

Можете да направите неколку такви ароматични теглички со различни ароми за секоја просторија во куќата.

На пример, во спалната соба корисно е да се стави мирис на тегличка со етерично масло на лаванда или геранијум, во дневната соба- со арома на чаеви, елка, ружа, лимон, мандарина итн…Во кујната одговара- мирис на лимон, мента, портокал. Во бањата- еукалиптус, смрека, ела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот