Како да ја избегнете подготовката на ручек по враќањето од работа, а сепак да имате домашно приготвен оброк?

Unsplash
Unsplash

Откако ќе ви заврши работното време веднаш одите во продавница за набавка на намирници, а потоа дома и пред шпоретот, следните два часа ги поминувате во готвење. На крај од премореност и глад ниту можете, ниту сакате да јадете. Ви звучи познато?

Кој вели дека готвењето доцен ручек или вечера по завршување на работните обврски мора да биде долготраен и мачен процес. Со неколку интересни трикови, готвењето ќе биде полесно од било кога до сега, без при тоа да го нарушите квалитетот на вашата исхрана.

Пригответе поголема количина сос

Според личниот вкус, направете поголема количина зелена или црвена салца, а дел можете и да ја замрзнете. Салцата задолжително зачинете ја, најдобро со свежи зачини. Токму овој прилог одлично ќе ви користи ако по работа набрзина купите парче печена риба или пилешко месо. Експериментирајте со состојките. Семејниот ручек нема веќе да биде едноставен и здодевен, а ќе се изненадите колкава разлика може да направи малку сечкан босилек или лук.

Житарките сварете ги однапред

Од вечер згответе ориз, овес, јачмен или која било друга житарка која сакате да ја јадете. Кога ќе се излади, ставете ја во сад со капак и складирајте ја во фрижидер. Утредента кога ќе дојдете од работа едноставно само треба да ја загреете и ќе имате добра основа за оброк. Истата работа можете да ја направите со леќа или грав.

Риба

При пазарење купете поголема количина риба, исчистете ја и ставете ја во замрзнувач. Ретко кој здрав производ може да се зготви брзо како рибата. Едноставно, парче риба испржете го во тавче или ставете го во рерна со малку сол и маслиново масло. А додека се готви, ваше е само да приготвите некој вкусен прилог или салата. |

Јајца

Имајте на ум дека јајцата не се само за појадок. Омлет со сирење, кашкавал или со разни видови зеленчук, со чаша свежо цеден сок или вино е навистина одлична комбинација за крај на работниот ден. Лесен тост со авокадо и јајце секогаш звучи како добра идеја.

Секогаш имајте замрзнато лиснато тесто

Лиснатото тесто буквално е тајно оружје за брзото готвење. Би требало да ви е јасно дека со него можете да направите буквално сè, од солени до слатки јадења и можете да го послужите во секоја пригода. Освен за ваш ручек или вечера, одлично и кога ќе ве изненадат гости.

Експериментирајте со зеленчукот

Доколку исечете модар домат на дебели кругови и го печете половина час на 220 степени ќе добиете неверојатно вкусен прилог, а и печениот карфиол, или пак сладок компир секогаш ќе ви направат оброкот повкусен. Купувајте свеж зеленчук, исчистете го и складирајте го во фрижидер до следниот ден. Така ќе го скратите времето на подготовка. Доколку се чувствувате креативно, побарајте рецепти за маринирање на зеленчуците, салати со овошје и јатки, или пак, некоја препуштете се на традиционалните рецепти од кујните ширум светот. Пробајте да направите брза шакшука, спремете вкусна кимчи салата за следниот викенд…

Купете печено пиле

Веќе испеченото пиле, кое сте го купиле набрзина при враќање од работа, можете да го искористите на разни начини. Само затоа што сте купиле цело печено пиле, не значи дека морате да го јадете така, туку тоа може да ви послужи како основа за вистинска гозба. На пример, исечкајте го месото и измешајте го со зеленчук и солено сирење или пармезан, и ќе добиете совршен прилог. Исечканото пилешко можете да го јадете и во тортили, со свежа зелена салата и други додатоци по желба, или пак да го додадете во супа. Ако не ви се допаѓаат сите овие идеи, секогаш можете да ставите парче пилешко месо меѓу здрав леб, да додадете малку салата и ќе добиете одличен оброк.

Океј е ако денес не ви се готви

Не се оптеретувајте дека морате секој ден да имате вечера која ќе има главен дел и прилог. По пат купете го она што најчесто го јадете. Кој вели дека морате секој ден да имате месо во оброкот? А можеби денес ви се јаде „мрсен“ сендвич или пица… Доколку, сепак сакате да си ја одржите „чиста“ совеста или едноставно сте придржувате до здравата храна, изберете „помало зло“, испечете компири, нарачајте вегетеријанска пица или направете си брза пита со кора од хељди и фил по желба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот