Кај Цементарница ќе се постави станица за мерење на загадувањето на воздухот

Општина Кисела Вода ќе постави мерна станица за квалитет на воздухот во близина на Цементарница.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека ова е првата мерна станица што се поставува, но дека во Буџетот за наредната година ќе се обезбедат средства уште за две, од кои една ќе биде поставена во Драчево, а другата во Кисела Вода.

Здравата животна средина е наш приоритет и стратешка заложба, па контролата на квалитет на воздухот, посебно во близина на идустриски капацитет е неопходност во борбата против загадувањето. Ова е само еден чекор во борбата за животната средина, а сега останува да се засили ангажманот на градот Скопје и централната власт кои имаат ингеренции во оваа област – вели Ѓорѓиевски.

Тој очекува и инспекциите да си вршат својата работа и во наредниот период да има неселективна контрола на индустриските капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот