Јужна Кореја тврди дека Пјонгјанг истрелал најмалку три балистички ракети

Пјонгјанг истрела најмалку три балистички ракети кон Јапонското Море, познато и како Источно Море, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесува ДПА.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап ги цитираше Здружените началници на Генералштабови дека еден проектил полетал кон источниот јужнокорејски остров Улеундо пред да се урне во меѓународните води во Јапонското Море.

Друг паднал во морето во близина на де факто поморската граница со Јужна Кореја, додека третиот паднал во водите источно од градот Сокчо, јави Јонхап.

Според јужнокорејската армија, Пјонгјанг истрелал околу 10 проектили од различен тип.

Новинската агенција Кјодо ја цитираше јапонската Влада која соопшти дека нема извештаи за оштетување на авиони или бродови, додавајќи дека проектилите можеби летале на неправилни траектории.

Други детали не се соопштени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот