ЈПДП го прекина временото задолжение на Митревски, ќе испитуваат дали ја злоупотребил службената положба
Временото задолжение на координаторот за контрола на наплата, Миланчо Митревски е прекинато и ќе се преиспитаат изнесените наводи во јавноста дека ја злоупотребил службената положба и не плаќал патарини.
Препорачано
-Јавното претпријатие за државни патишта известува дека лицето Миланчо Митревски на 28 јули 2024 година е назначен со времено задолжение од три месеци за координатор за контрола во Одделението за наплата на патарини и контрола. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го прекине временото задолжение за координатор за контрола и ќе ги преиспита изнесените наводи во јавноста, затоа што Законот треба да важи за сите независно на која позиција или функција се – велат од Јавното претпријатие за државни патишта.
Опозицијата деновиве обвини дека Миланчо Митревски за шеф на контролорите на Наплатната служба на патарините во Петровец, бил назначен на функцијата иако за тоа не ги исполнувал условите, оти претходно бил фатен како ја злоупотребува службената положба, како и дека снимки од патарините кои им биле доставени од свиркачи покажувале оти тој не плаќал патарини.
ФОТО | СДСМ обвини дека шефот задолжен за контрола на наплата не плаќал патарини


