ЈП „Водовод и канализација“: Продолжува масовната кражба на капаци на шахти и решетки од сливниците

Шахти, Фото: Архива

Продолжуваат масовните кражби на капаци на шахти и решетки од сливниците, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.

Како што велат од таму во општина Карпош, денеска повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. „Партизански одреди”, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. „8 Септември”.

– Ваквиот вандализам се одразува негативно и ја загрозува безбедноста на граѓаните и на учесниците во сообраќајот. Ја известуваме јавноста дека и овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, комуналните служби на Град Скопје и комуналните служби на Општината. Истовремено со цел спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите ќе се засилат контролите на комуналните служби низ општините, но и на откупните центри за старо железо каде доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни согласно Законот, стои во соопштението испратено до јавноста.

Од претпријатието известуваат дека ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации, и апелираат до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи на тој начин не се нанесува само штета на претпријатието, туку и се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот