ЈП „Македонија пат“: Укината забраната за тешки товарни возила на „Стража“ и на патот Гостивар – Маврово

Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека е укината забраната за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин „Стража“.

Како што соопштија од Диспечерскиот центар на „Македонија пат“ забраната е укината во 15:50 часот.

Од 16:50 часот е укината и забраната за движење на тешки моторни возила на патниот правец Гостивар – Маврово, соопшти од ЈП „Македонија пат“.

Како што претходно информираа од претпријатието, забраната за движење беше поради интензивни врнежи од снег. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот