Јовески: Од медиумите разбрав дека Камчев ја сменил адресата на живеење

img alt
Љубомир Јовески/ Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Спогодбата и местото каде што ќе живее сторителот на кривичното дело немаат воопшто значење. Право е на граѓанинот да го одбере местото на живеење, вели државниот обвинител Љубомир Јовески, во одговор на новинарско прашање за тоа дали бизнисменот Орце Камчев можел да ја промени адресата на живеење по постигнатата спогодба во предметот „Империја“.

Според него, сите мерки и правни акти со случување на спогодбата престануваат и настапуваат нови околности.

-Не го напуштил Скопје. Во случајот, од вас медиумите дознав дека ја променил адресата. Негово право и право на надлежните органи кои се занимаваат со прашањата на живеалиштата на граѓаните е да одлучуваат за тоа дали на определено лице ќе му се дозволи да го смени местото на живеење од еден во друг град, изјави државниот обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот