Јовески: Наводите на „Ла Верита” се чиста шпекулација

Државниот обвинител Љубомир Јовески во изјава за МИА ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита” во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави за МИА Јовески.

„Ла Верита” во написот на новинарот Ларис Гајсер објави дека „притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност”.

„За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага”, напиша италијанскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот