Јована Костадиновска, водителка: Благодарна сум на животот што имам за кого да живеам

Станувам кога сонцето не изгреало и си пијам македонско горко кафе на раат. Во одредени денови, утрото почнува со кик бокс. Благодетот на ранобудниците е што секогаш ви е долг денот, вели водителката на утринска програма Јована Костадиновска.

Колку љубовта кон фитнесот и спортот ти помогнаа во бременоста и по неа, за враќање во форма? Колку време ти беше потребно да влезеш во старата гардероба?

– Од кога знам за себе спортувам. Спортувањето ме чисти одвнатре, ме одржува однадвор и ми ја полни душата со задоволство и, се разбира, ми ја дава енергијата што ми е потребна. Начинот на живот, во поглед на вежбањето, само ми ги олесни бременостите и враќањето во форма. Се смеам кога ќе помислам дека 13 килограми за првата, и 9 килограми за втората бременост качив, и веднаш си ги облеков старите фармерки. Во секој случај динамичниот живот наметнува едно лудо темпо во кое секој треба да го пронајде својот издувен вентил. За мене, денес, тоа е кик бокс за жени.

Што кај тебе промени мајчинството?

-Мајчинството и родителството за двајцата родители менува сè. Имате мали очиња на кои сте им подариле живот и тие во вас го гледаат животот. Тоа, од една страна, е најубавото нешто на светот што ви ја дава најголемата сила и ве прави најхрабра мајка, а од друга страна, и најкревко суштество, зошто гледајќи во тие очи ја спознавате суштината на животот. Благодарна сум на животот што имам за кого да живеам, творам и да бидам сè подобра личност.

Мислиш ли дека на убавите жени им треба двојно повеќе труд да се докажат или напротив, убавината ги отвора вратите кон успехот?

-Тоа што е убаво и на бог му е драго. Секој сака да биде опкужен со убавина, но за успех потребно е многу повеќе од убавина. Интелигенција и се разбира, труд. Се водам по онаа „старата“ дека секогаш на крајот трудот се исплати.

Што обично им подаруваш на твоите пријателки, а каков подарок тебе те прави среќна?    

– Искрените пријателства се реткост во ова секојдневие и доколку ги имате покрај вас сметајте дека тие сами по себе се најубавиот подарок. А, мене, најсреќна на свет неодамна ме направија честитките за 8-ми март од сопругот и децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот