Јосиповиќ за „Слободен печат“: Ние во Уставот внесовме 22 малцинства и имавме само корист

epa04205342 President of Croatia Ivo Josipovic delivers remarks to members of the news media at the White House in Washington DC, USA, 14 May 2014. Josipovic met with US Vice President Joe Biden to discuss energy cooperation. EPA/MICHAEL REYNOLDS

Сведоци сме на неправдата што ѝ се нанесува на Македонија, најпрво тоа беше некоректната позиција на Грција, а сега и на Бугарија, вели поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ во интервју за „Слободен печат“.

– Добар дел од она што се бараше или се бара од Македонија ги надминува рамките на легитимните очекувања во поглед на решавање одредени спорови меѓу една членка на ЕУ и држава што треба да стане членка.Мислам дека по договорот со Грција, Европската Унија требаше веднаш да ги исполни своите ветувања врзани за отворањето на патот на Македонија во ЕУ, изјави Јосиповиќ.

На прашањето за уставните измени, тој изјави дека не може и не сака на Македонија да ѝ дава совети за така важни внатрешни прашања, но потсетува на хрватското искуство.

– Ние уште во почетокот на државноста во Уставот внесовме 22 национални малцинства, а со уставниот закон за правата на националните малцинства им дадовме многу широки културни и политички права. И од тоа имавме само корист, додава поранешниот хрватски претседател.

Именувањето на бугарските клубови во Македонија, според него е кокетирање со нацизмот, а рехабилитацијата на квинслинзите е неприфатлива.

Целото интервју со Јосиповиќ ќе го објавиме во утрешниот број на печатеното издание на „Слободен печат“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот