Јорданов ќе го кити Штип, вели дека заштедил доволно струја

Фото. Канал 8

Штип ќе се украсува за претстојните новогодишни и божиќни празници, најави градоначалникот Иван Јорданов. Според него, украсувањето нема негативно да влијае на заштедата на електрична енергија, а од друга страна „ќе го донесе новогодишниот дух“.

Екипите на ЈП „Стипион” ќе го украсуваат централното градско подрачје и главните булевари.

-Ние сме една од општините којашто има најмногу заштедено струја, 72 проценти, и сме втора општина рангирана по заштеда на струја. За разлика од нас, Арачиново има 400 пати повисока стапка на потрошувачка на електрична енергија. Сметам дека новогодишното украсување нема да создаде проблем во енергетската криза, но сметам дека тоа ќе значи многу за нашите сограѓани, да имаме еден прекрасен предновогодишен амбиент. Нема да трошиме енормно високи средства за украсување, но еве на еден скромен начин ќе украсиме, вели Јорданов.

За украсување на скромен начин ќе се искористат сите реквизити кои останале од претходните години и се функционални. Дополнително, ќе се набават и нови украси коишто ќе се постават на неколку места во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот