Јорданец и матичари добија кривична пријава, му издале лажни документи дека мајка му е Македонка

матично управа за водење матични книги (4)
Слободен печат. / Драган Митрески

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за финансиски криминал поднесе кривична пријава против Н.А.(28) од Јордан, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување лажни докази” и „употреба на исправа со невистинита содржина” и против Е.Ј.(50) и И.Ј.(39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”, соопшти полицијата.

„Првопријавениот, државјанин на Јордан, во текот на јуни 2019 година во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје поднел лажни податоци дека е син на македонска државјанка, со што успеал да се стекне со извод од матична книга на родените, матичен број, македонско државјанство и биометриска патна исправа. Второ и третопријавениот, службени лица – матичари, по приемот на барањето од Н.А. постапиле спротивно на чл.21 од Законот на матична евиденција. Е.Ј. без да изврши проверка на поднесените податоци и да направи дополнителни проверки, до МВР поднела барање за проверка на државјанскиот статус на мајката, а по повратно добиениот одговор дека предметното лице е македонски државјанин проследила барање до Одделението за управни работи Скопје за определување матичен број“, се вели во полициското соопштение.

„Додека И.Ј. преку својата шифра го завел првопријавениот во матичната книга на родени, ги внел податоците во електронскиот систем на Управата за водење матични книги со што овозможил издавање на лични документи“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот