Јеменските хути: Ќе го нападнеме Израел со „ракети и беспилотни летала“ ако САД воено интервенираат во конфликтот

Јеменските бунтовници хути, поддржани од Иран, денеска се заканија дека ќе го нападнат Израел со „ракети и беспилотни летала“ доколку САД воено интервенираат во војната меѓу исламистичките палестински милиции во Појасот Газа и Израел.

„Ако Американците директно интервенираат воено, ние сме подготвени да учествуваме со ракетни напади, беспилотни летала и (други) воени опции најдобро што можеме“, рече лидерот на шиитското вооружено движење, Абделмалек ал Хути во телевизиски говор.

Лидерот на Хутите потврди дека групата е „во континуирана координација“ со исламистичките милиции во Газа, вклучувајќи ги Хамас и палестинскиот исламски џихад, како и со „оската на отпорот“, мислејќи на други движења како што се либанскиот Хезболах или ирачките вооружени групи поврзани со Иран.

„Постојат црвени линии кога станува збор за Газа“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот