Јелена Ѓоковиќ препорачува пијалак идеален за чистење на организмот, го забрзува метаболизмот и ги топи килограмите

Фото: Instagram / jelenadjokovicndf

Јелена Ѓоковиќ, сопруга на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, важи за жена која многу води сметка за своето здравје, а со самото тоа и за она што внесува во својот организам. Како што и самата признава, важно ѝ е намирниците што ги консумира да имаат хранлива вредност, да се квалитетни, но и вкусни. Еве која е нејзината препорака.

При едно неодамнешно нејзино јавување на Инстаграм, ја видовме Јелена со чаша привлечна жолта напивка, а набрзо дознавме дека се работи за чај од куркума.

Куркумата, чија главна активна состојка е куркуминот, делува на два клучни начини. Прво, куркуминот има термогенетски ефекти, природно ја зголемува внатрешната телесна температура, што го забрзува процесот на разградување на хранливите материи, особено мастите и го подобрува метаболизмот. Освен тоа, куркуминот придонесува за детоксикација на црниот дроб, со што го чисти целото тело и го поддржува ефикасното согорување на мастите. Синергијата на сите состојки во куркумата, кога се користи, може да има поволно влијание на чистењето на црниот дроб и одржување на оптимално функционално ниво на организмот.

Како да подготвите чај за побрз метаболизам?

Ако сакате да го забрзате метаболизмот, да го подобрите варењето и да го поттикнете слабеењето, консумирајте чај од куркума минимум 5 дена.

Подготовката на оваа напивка е едноставна: потребно е само ¾ лажичка куркума, 2 големи лажици домашен мед и 3 шолји вода. Куркумата растворете ја во вода и варете додека количината на вода не се намали на ниво доволно за 2 шолји. Потоа, процедете ја смесата, додадете мед и по желба малку млеко за да ја добиете финалната напивка.

Редовното консумирање на овој чај може да придонесе за побрз метаболизам и да ги поддржи вашите цели за слабеење.

Декларираната веганка со години се придржува на строг режим без месо, млеко и шеќер, но малку се знае како Јелена Ѓоковиќ одлучила да води живот според овие правила. Јелена истакнала дека се придржувала до овој правилник затоа што морала, па исхраната тогаш, како и сега, подразбира само сирови намирници.

Како што вели и самата, сè започнало уште во текот во студентските денови.

– Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а ниту, пак, живеев во дом каде има кујна. Така, веганството започна од мака – рекла Јелена во една прилика.

ВИДЕО | Сопругата на Ѓоковиќ: Во Скопје нè чуваа како охридски бисери!

ВИДЕО | Јелена Ѓоковиќ искрено за родителството: Моите деца ќе имаат трауми

ВИДЕО | Сопругата на Ѓоковиќ: Во Скопје нè чуваа како охридски бисери!

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот