Јавното претпријатие „Новинска агенција Танјуг” избршано од српскиот регистер на стопански субјекти

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Јавното претпријатие Новинска агенција Танјуг денеска беше избришана од Регистарот на деловни субјекти што го води српската Агенција за деловни регистри (АПР), јавија белградски медиуми.

Одлуката за бришење на Танјуг од АПР беше донесена по пријава доставена денеска од поранешната директорка на таа новинска агенција, Бранка Ѓукиќ, јави Бета.

Во декември минатата година, Републичката управа за имот потврди на Здружението на новинари на Србија дека компанијата „Точно” од Белград го купила правото на користење на имотните права на новинската агенција Танјуг за 628.000 евра во одреден временски период.

Основачи на таа компанија се РТВ Панчево со 60 проценти од капиталот со основачки влог од 600 динари и „Минакорд медиа” со 40 проценти од капиталот со 400 динари. Законски застапници на „Минакорд медиум” се Жељко Јоксимовиќ и Мања Грчиќ.

Како што е наведено во соопштението, купувачот е должен да ги преземе вработените во Јавното претпријатие Новинска агенција Танјуг, како и одреден број други ангажирани во согласност со одредбите од Законот за работни односи.

Во ноември 2018 година, Владата на Србија донесе одлука за затворање на Танјуг. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот