Алис и Елен Кеслер - Фото: Принтскрин /Јутјуб

ВИДЕО | Починаа познатите близначки Алис и Елен Кеслер: “И во смртта обединети“

Легендарните германски пејачки и близначки, Алис и Елен Кеслер, починаа во Гринвалд кај Минхен, на 89-годишна возраст. Веста за нивната смрт ја потресе германската јавност, не само поради големото уметничко наследство што го оставија, туку и поради начинот на кој решија да заминат – заедно си го одзедоа животот.

Според пишувањата на германските медиуми „Tagesspiegel“ и „Süddeutsche Zeitung“, Алис и Елен свесно и промислено ја донеле одлуката да го завршат својот живот со медицинска помош, процедура која е легална во Германија под строго утврдени услови. Нивното заминување го надгледувала специјализирана лекарка, во присуство на правен застапник, за да се осигура дека сè е спроведено во согласност со законот.

Полицијата соопшти дека нема никакви сомнителни околности или траги од насилство, потврдувајќи дека сестрите останале доследни на својата последна одлука.

Уште во 2024 година, Алис и Елен отворено зборуваа за крајот на својот живот и открија дека сакаат да бидат погребани заедно, во иста урна, заедно со мајката и саканиот куче Јело (Yello).

„Во смртта обединети — така би сакале“, изјавија тие за „Süddeutsche Zeitung“.

Нивната одлука е доживеана како последен израз на нерскинливата поврзаност што го обележа целиот нивни живот – од детството и првите настапи, преку блескавата кариера, сè до последниот здив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот