Chalinee Thirasupa / Profimedia

Јавната шлаканица е знак за узбуна: Психолог го анализираше бракот на Макронови

Шлаканицата што Брижит Макрон му ја намени на сопругот Емануел Макрон предизвика вистинска бура во јавноста и медиумите. Инцидентот сè уште е главна тема на разговор, а мислењата се поделени – додека едни гледаат напнатост и агресија во овој потег, други го толкуваат како шега или знак на блискост.

Од Елисејската палата најпрво се обидоа да ја минимизираат важноста на инцидентот, дури и сугерираа дека снимките се лажни. Но, откако беше потврдена нивната автентичност, официјалните коментари го сменија тонот и сето тоа стана „мала кавга“ или „шега“ меѓу сопружниците. Самиот претседател Макрон им рече на новинарите во Ханој: „Се шегувавме, како што често правиме“.

Но, што мислат психолозите за сето тоа? Психологот за парови Силвија Перез Мањавакас за ¡HOLA! изјави дека таквите гестови треба да се набљудуваат во контекст на врската, а не само како изолиран инцидент.

„Во врската телото секогаш зборува“, објаснува психологот, додавајќи дека допирот, погледот или ненадејното движење често може да биде начин за невербално изразување на чувствата како лутина или незадоволство.

„Во овој случај, ударот и подоцна отфрлањето на раката што и ја пружа Макрон при напуштањето на авионот, укажуваат на јасно емотивно исклучување. Паровите кои се долго време заедно развиваат свои невербални кодови, но кога во јавноста се појавуваат гестови на презир или одбивање, тоа може да укаже на подлабок проблем во врската“, вели Перез Манјавакас.

Тоа не е драматична криза, но е предупредување

Психологот посочува дека ваквите моменти не се нужно знак на отворено насилство, но претставуваат „јазик на напнатост“ и можат да бидат обид за наметнување.

„Тоа го нарекуваме симптом на врска – кога емоциите не се јасно изразени, телото зборува наместо зборовите“, објаснува тој.

Посебно е важно што инцидентот се случи пред камерите, бидејќи она што можеби е дел од нивната секојдневна динамика станува јавен приказ за тоа како управуваат со емоциите и нивната врска.

Перез Мањавакас заклучува дека ова не мора да е знак за голема криза, но тоа е предупредување што не треба да се игнорира.

„Два последователни геста – благ удар и одбивање на рака – создаваат наратив на напнатост. Доколку тоа се случува пред камерите, се поставува прашањето што се случува на само. Исклучувањето не се случува преку ноќ, се гради во тишина, преку навидум безначајни гестови… додека не станат сериозни“, заклучува психологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот