Јапонија уапси три лица осомничени за продажба на потенцијално биолошко оружје на Кина

Осомничените во 2016 година илегално продале уред со кој течноста може да се претвори во прав.

Извршен директор на компанија за производство на медицинска опрема е осомничен дека на Кина илегално и продал уред, што може потенцијално да се користи за развој и производство на биолошко оружје.

Медиумите објавуваат дека полицијата уапсила уште две други лица за кои се смета дека помогнале во извршувањето на делото.

Според информациите станува збор за уред со кој течноста може да се претвори во прав, а ваквата опрема најчесто се користи во фармацевтската индустрија, но може да биде употребена и за создавање биолошко оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот