Јапонија подготвува дигитални сертификати за вакцинација преку мобилни апликации

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Јапонија ќе започне да издава дигитални сертификати за граѓаните кои се вакцинирани против коронавирусот, откако тоа го најавија Кина, Европската Унија (ЕУ) и други земји кои прифатиле ковид пасоши како средство за враќање кон слободно патување, пренесува порталот Никеи Азија.

Според порталот, сертификатите ќе можат да се користат преку мобилни апликации и ќе бидат во согласност со меѓународните стандарди, така што патниците ќе можат да достават доказ за вакцинација при качување во авион или пријавување во хотел.

Јапонската Влада разгледува можност сертификатите да ги додаде на апликацијата што ќе биде претставена следниот месец, која содржи потврда за негативен тест за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот