Јанкулоска: Oд колегите комуницирам само со Миле Јанакиески, со Груевски немам за што да зборувам!

Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт, вели ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во интервју за МРТВ.

Моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани и тешко може да се каже дека комуницирам со поранешни колеги. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески.

Јанкулоска рече дека последната нејзина комуникација со екс премиерот Никола Груевски кој избега во Унгарија, била една недела пред тој да ја напушти Македонија. Вели дека таа нема проблем да се сретне со било кого, но не знае дали тој би сакал да се сретне со неа.

„Факт е дека тој беше жртва на политички прогон, но тој чекор што го направи, ја промени динамиката, и тој чекор, ни тогаш, ни сега не го одобрувам“, изјави Јанкулоска.

Вели дека на огромно мнозинство во државата им е јасно како резултат на каков судски процес таа е во затвор и издржува казна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот