Јанев: Подготвен сум за преговори со сите партии за формирање влада на Бугарија

Стефан Јанев, Министер за одбрана на Бугарија/ Фото Архива на СП

Лидерот на новата партија во новоизбраното Народно собрание – „Бугарски подем” и поранешен вршител на должноста премиер Стефан Јанев за Нова ТВ коментира дека во овој распарчен парламент со седум партии треба да се бара асиметрично решение.

Според Јанев, ваквото решение би можело да биде создавање на „супермалцинска” влада. Оваа влада би била составена од мали партии поддржани од останатите парламентарни партии со коалициски договор, кои не учествуваат директно во неа, туку ја поддржуваат во Народното собрание.

– Се е можно, изјави Стефан Јанев. „Бугарски подем” може да прифати секаков вид коалиција што е во интерес на бугарските граѓани и се заснова на приоритети и јасни правила и односи, додаде Јанев. Вака тој одговори на прашање дали ќе коалицира со ГЕРБ.

Јанев првпат го употребил зборот војна во врска со руската инвазија на Украина. Поради неподготвеноста да ја нарече руската инвазија на Украина на 24 февруари, поранешниот премиер Кирил Петков, беше принуден да го разреши Јанев од функцијата министер за одбрана и да го замени со бугарскиот амбасадор во НАТО, Драгомир Заков. Јанев рече дека бидејќи имало мобилизација во Украина, тогаш имало војна и во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот