Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ е нов директор на депонијата „Дрисла“

Јане Мицевски/ Фото: МИА

Јане Мицевски, носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, е новиот директор на депонијата „Дрисла“. 

Градоначалничката Данела Арсовска вчера го разреши од функцијата досегашниот в. д. директор Коста Начевски и на негово место за в. д. директор го постави Мицевски.

Град Скопје во јануари 2020, во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов ја врати во владение депонијата „Дрисла“. После 9 години депонијата повторно се врати во сопственост на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот