Фото: Фејсбук/Јана Стојановска

ФОТО | Јана Стојановска го загуби татко ѝ на 13 години, сега сподели ретка приказна за него

Актерката Јана Стојaновска имаше амо 13 години кога почина нејзиниот татко, познатиот актер Ненад Стојановски, а сега таа сподели редок спомен на него.

Јана објави слика на Фејсбук од легендарниот актер кој беше омилен и почитуван од цела Македонија и пошироко. Ненад Стојановски почина во Скопје на 14 јули во 1998 година, на само 46 години. Тој ѝ беше сопруг на актерката Силвија Стојановска, а и сестрата на Јана, Ана Стојановска е успешна и позната актерка.

„Мојот татко Ненад е како некој суперхерој од некој филм од некое друго време… не сум ни сигурна дали постоел, од што беше посебен. Ден-денес луѓето зборуваат со жар за него и не сум сретнала никој друг да зборува за кого било како што луѓето зборуваат со воодушевување за него и со таква леснотија го фалат, и мажи и жени. Уште не ми е јасно зошто таа лекција така… се надевам ќе ми стане јасно еден ден. Тоа што силно чувствувам како минува времето е колку сум негова, генетски, пред сè. Јас од него наследив да можам да го пренесам тој талентиран ген на следните генерации“, рече Јана во неодамнешно интервју за „Слободен печат“.

Таа има син кој исто така се вика Ненад, а актерката во „Слободен печат“ зборуваше за предизвците со кои се соочува.

„Предизвиците околу неговото здравје поврзани со, пред сѐ, неговото предвремено раѓање, ме натераа да одлучам да не работам ништо. Мислам, одлучив. Не ни можев поинаку затоа што тоа што се случуваше, бараше постојан надзор. Не можев да си дозволам четири часа проба или осум часа филмски сет без да го видам, не верував никому освен себеси и знам сигурно дека нему му требав токму јас“, рече актерката.

Разговор со актерката Јана Стојановска: Не глумев поради нарушеното здравје на син ми кој е роден во седмиот месец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот