ЈА ПРОБОДЕЛ СЕДУМ ПАТИ, ПА СЕ ОБЕСИЛ: Лекарите сѐ уште за борат за животот на девојката

Фото: Принтскрин/Вечерње новости

Во напуштена куќа во српското село Печеног на 25 километри од градот Краљево, во утринава е пронајден човек кој си го одземал животот, а до него сериозно повредена лежела девојка, објави српски „Телеграф“.

Станува збор за Александар Т. (26) од Краљево и Анџела С. (22) од селото Чукојевац. Според пишувањата на локалните медиуми, најверојатно се работи за обид за убиство и самоубиство

–  Глетката беше морничава, момчето се обесило и веднаш забележавме дека е мртов, а девојката се наоѓаше до него и даваше некои знаци на живот, иако очигледно беше дека неколку пати е прободена со нож – рече за новинарите еден жител на селото Печеног кој се нашол на местото на настанот.

Девојката во тешка здравствена состојба е примена во болницата во Краљево.

– Таа има седум убодни рани, од кои четри се во пределот на градниот кош, две во вратот и една во пределот на стомакот. Моменталната состојба е стабилна, но со оглед на фактот дека станува збор за тешки телесни повреди, неблагодарно е да се прогнозира. Се очекува во следните 24 часа нејзината состојба да се стабилизира – рече лекарот кој ја примил во болницата.

Куќата во селото Печеног му припаѓала на дедото на мажот кој се обесил, а полицијата работи на утврдување на сите околности под кои е извршено делото.

– Во овој регион ваков настан не се памети. Луѓето зборуваат дека станува збор за суицидално семејство. Дедото на Александар се самоубил со пушка, а потоа татко му се обесил на планината. Слична судбина го стигна и ова момче – изјави за српски „Курир“ човек кој го познавал семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот