Ја обновија врската по 10 години: Ашанти и Нели го очекуваат нивното прво дете

Фото: Profimedia

Американската пејачка Ашанти (43) и раперот Нели (49) ја објавија среќната вест дека се вериле, но и дека го чекаат  нивното прво заедничко дете.

„Оваа нова година е толку благословена, полна со љубов, надеж и исчекување. Мајчинството е нешто на што се радував долго време, а споделувањето на ова со моето семејство, вереникот и верните обожаватели е неверојатно искуство“, изјави пејачка.

Нели и Ашанти во 2006 година / Фото: Patrick Rideaux / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ова ќе ѝ биде прво дете на Ашанти, додека раперот веќе ги има ќерката Шанел (29) и синот Корнел Хејнс Трети (24) со поранешната партнерка Шанета Валентин. Американските медиуми уште во декември објавија дека оваа славна двојка очекува заедничко бебе, но парот дури сега го потврди тоа.

Инаку, парот се запозна во 2003 година на прес-конференција по повод доделувањето на музичките награди Греми. Тие беа во врска десет години, а потоа раскинаа. Но, десет години подоцна, во април 2023 година, почнаа гласини дека парот се смирил додека седеле заедно на боксерски меч во Лас Вегас. Неколку месеци подоцна, Нели потврди дека се повторно заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот