Извонреден спој на Благој Нацоски и „Профундис“ со „Везилка“

Стихови од Киро Глигоров, Блаже Конески, Славко Јаневски, Кочо Рацин и Ацо Шопов во композиции од Томислав Зографски, Тодор Скаловски, Благој Цанев, Александар Џамбазов, Трајко Прокопиев и Дино Имери беа испеани од најпознатиот македонски тенор Благој Нацоски, кој заедно со камерниот оркестар „Профундис“ настапи на концертот „Везилка“, во рамките на 43. Денови на македонска музика.

Прекрасната музичка вечер се одржа на 9 декември во фоајето на Националната опера и балет под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Во вечерта за долго паметење, оркестарот го изведе и делото „Свита“ од Стојан Стојков.

Фотографии: Зденко Петровски

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 60, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот