Известување за скопските возачи: Не се поминува од Стара Рампа до семафорите кај Црвен Крст – го асфалтираат булеварот „Македонија“
Поради градежни работи на булеварот „Македонија“, во недела од рано наутро целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од Стара Рампа во Кисела Вода до семафорите кај Црвен Крст.
Препорачано
Од Град Скопје соопштуваат дека затворањето е неопходно за поставување на завршниот слој асфалт, во рамки на првата фаза од реконструкцијата на булеварот.
Апелираат до возачите да имаат трпение, да ја следат привремената сообраќајна сигнализација и да ги користат алтернативните сообраќајни правци.
Според градските власти, со оваа фаза од проектот треба да се овозможи подобра проточност на сообраќајот, помал метеж и побезбедно движење по обновениот коловоз.
Со проектот за реконструкција на булеварот „Македонија“ е предвидена и изградба на подземна сообраќајница, која по завршувањето треба да придонесе за модернизација на сообраќајната мрежа во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


