грчка граница грција ГП Богородица Евзони
Македонско-грчка граница, ГП „Евзони“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Известување од АМСМ: Преминот „Богородица“ е затворен за сите возила

Сообраќајот на грчкиот граничен премин „Евзони“ е во прекин за секаков тип на возила од 17 часот, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Грчките земјоделци што протестираат во средата изразија почетно незадоволство од пакетот мерки што Владата го објави претходно во текот на денот, оценувајќи дека тие не ги решаваат нивните клучни проблеми, објави „Катимерини“.

Сега се очекува земјоделските собранија да одлучат за следните чекори, откако Владата јасно стави до знаење дека нема да понуди дополнителни отстапки, со што практично следниот потег им го препушта на демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот