Извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси во земјава ќе биде презентиран во Собрание

Собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот „Родовата застапеност во изборите и политичките процеси во Северна Македонија: научени лекции и препораки за парламентарните избори во 2024 година“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, воведни обраќања ќе имаат Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички и Јоана Козма, директорка на ИФЕС во земјава.

Флоренс Гану, меѓународна консултантка за родови прашања, ќе ги презентира наодите од Извештајот за проценката, наодите и препораките за зајакнување на политичкото учество на жените на претстојните парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот