Дистрибуција на храна во Газа/Фото: Eyad BABA / AFP / Profimedia

Извештајот на УСАИД ги „побива“ Израел и САД: Хамас не краде американска хуманитарна помош

Интерен извештај на УСАИД, Агенцијата на САД за меѓународен развој што Доналд Трамп се обиде да ја расформира, ги побива сите израелски тврдења дека Хамас „краде“ од американската хуманитарна помош што влегува во Појасот Газа.

Овие тврдења беа изнесени како главно оправдување од страна на Израел и САД за поддршка на новата вооружена приватна компанија за дистрибуција на хуманитарна помош во Газа во мај 2025 година, контроверзната Хуманитарна фондација за Газа, за која ООН и над 170 невладини организации бараат да прекине со работа.

Извештајот, кој никогаш претходно не е објавен, беше завршен кон крајот на јуни. Персоналот на УСАИД разгледа 156 инциденти на кражба или губење на залихи финансирани од САД, пријавени помеѓу октомври 2023 и мај 2023 година.

Во извештајот се наведува дека „нема извештаи што укажуваат дека Хамас имал корист од снабдувањето финансирано од САД“, според наодите до кои дојде Ројтерс.

Извештајот на УСАИД доаѓа во време кога се влошува недостигот на храна во опустошената палестинска енклава, чие население сега се соочува со глад.

Наодите беа споделени со канцеларијата на генералниот инспектор на УСАИД и со претставници на Стејт департментот вклучени во политиката на Блискиот Исток.

Портпаролот на Стејт департментот го оспори извештајот, велејќи дека постојат видео докази за тоа како Хамас ограбува хуманитарна помош од магацини и камиони, но никогаш не презентираше никакво видео како доказ.

Службеникот, исто така, ги обвини традиционалните хуманитарни невладини организации за прикривање на „корупцијата во испораката на помош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот