Израмнет рекорд: Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат
Канадската скијачка Валери Грение го освои последниот велеслалом во сезоната во Хафјел, Норвешка, а Големиот кристален глобус ѝ припадна на Американката Микаела Шифрин.
Препорачано
Шифрин заврши на 11 место на денешниот велеслалом, што беше доволно за да го освои првото место во генералниот пласман на Светскиот куп со 1.410 поени. Германката Ема Ајхер ја заврши сезоната на второто место со 1.323 поени.
Шифрин го освои Големиот кристален глобус по шести пат во својата кариера, израмнувајќи го рекордот поставен од легендарната Австријка Анамари Мозер-Прел.
Грение го освои последниот велеслалом во сезоната со време од 2:16,79 минути. Втора беше Норвежанката Мина Фурст Холтман, која заостануваше 0,43 секунди зад победничката. Трета беше Австријката Јулија Шајб (2:17,36). Шајб претходно го обезбеди малиот кристален глобус во велеслалом со 720 поени, додека второто место го освои Камила Раст од Швајцарија со 511.
Новата сезона во Светскиот куп за жени ќе започне на 24 октомври со велеслаломот во Зелден.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
52мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


