Израелската војска успешно тестирала противавионски ласер

Израелската армија денеска објави дека успешно го тестирала ласерот за противвоздушни дејства и неутрализирање на високо-моќни беспилотни летала (ПВО), изразувајќи надеж дека ќе ја подобри оваа технологија во наредните години.

Прототипот на ласерски фрлач, развиен со „Елбит системи“, бил поставен на цивилен авион и успешно соборил неколку беспилотни летала во неодамнешната борбена вежба над Средоземното море, тврди генералот на израелската армија Јанив Ротем, шеф на одделот за воени истражувања и развој при Министерството на одбраната, пренесува АП.

„Способноста на овие оружја да пресретнуваат и уништуваат закани од воздух е револуционерна. Израел е меѓу првите земји што имаат такви воени можности“, изјави генералот Ротем пред новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот