Израдувајте ги најмилите – Банана торта во чаша

Витамините од овошјето и слаткиот вкус на тортата се најдобра комбинација. Ви предлагаме банана тортичка во чаша која мошне лесно и брзо ќе ја подготвите како најдобар десерт после вашиот ручек.

Потребни состојки:

30 г брашно
50 г гранулиран шеќер
¼ кафена лажичка прашок за печиво
Сосем малку цимет
Сосем малку сол
½ презреана банана (изгмечена како пире)
1 лажица масло
1 лажица пире од јаболко
1 лажица јогурт разреден со млеко во однос 3:1
1 жолчка од јајце
¼ кафена лажичка екстракт од ванила
1 лажица сечкани ореви
парчиња банана

Начин на подготовка:

Во садот во кој ќе го сервирате десертот (одберете поширока стаклена чаша или шолја), измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво, циметот и солта. Потоа додајте ги бананата, маслото, јаболковото пире, јогуртот, жолчката и екстрактот од ванила. Добро измешајте додека состојките не се соединат. Внимавајте брашното добро да се помеша со целата смеса и да не остане на дното од чашата.

Садот ставете го во микропечка на повисока температура и почекајте околу 3 минути. За декорација поросете со сечканите ореви и додајте неколку тенки парчиња банана. Сервирајте додека е топло.

Како предлог, откако ќе ја извадите од микропечка, тортичката може да ја полеете со млечен крем кој може да го приготвите на следниот начин: со виљушка измешајте 1 ½ лажица крем-сир и 4 лажици шеќер во прав.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот