Изненадување: Ѓоковиќ елиминиран во Дубаи, го губи првото место на АТП ранг-листата

Неизвесно е дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на „Австралија опен“/ фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Новак Ѓоковиќ доживеа шокантна елиминација во четвртфиналето на турнирот во Дибаи и тоа од 123 тенисер на светот, Чехот Јиржи Весели.  Чешкиот тенисер кој вчера направи изненадување со победата над Роберто Баутиста Агут, денеска го совлада Ѓоковиќ во два сета и тоа со 6:4,7:6.

Поразот од Весели за Новак Ѓоковиќ значи и губење на првото место на АТП ранг листата и тоа по 361 недела. Од понеделник, најдобар тенисер на светот ќе биде Данил Медведев.

Со елиминацијата во Дубаи, Ѓоковиќ загуби 410 бода и во понеделник ќе има 8465 бода, додека Медведев досега во Акапулко заработи 90 бода и дојде до 8525 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот