ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА СИТЕ – Индира Форца го претстави она на што долго работеше, а за ова ќе зборува ЦЕЛ РЕГИОН (ВИДЕО)

принтскрин

Горко-слатките спомени, кои сите ги носиме во душата, е темата на новиот сингл на Индира „Првиот се памти“.

Љубовната песна, во која може многумина да се пронајдат, е подарок од Индира Форца за крајот на нејзината многу успешна година.

Зборовите ги напиша Индира, а музиката ја потпишува хитмејкерот Бранимир Михаљевиќ.

– Со оваа песна сакам да ги загреам сите срца и да ги исполнам со љубов во овој месец на прослави и празници, порача Индира Форца.

Модерниот ритам на новиот сингл потврдува дека Индира не се откажува од својот препознатлив звук кој го постави и на својот прв самосотен албум. По песната „Грешка во генот“, која покажа дека Индира оди чекор подалеку со продукциските трендови, новиот сингл „Првиот се памти“ е фузија на она што Индира го претставуваше веќе неколку години.

– Сакам да ја истражувам музиката, да си играм во студио, вели Индира.

Индира оваа година го промени и имиџот, и својата препознатлива фризура конечно ја промени, а за тоа доби бројни комплименти.

Доколку судиме по новата песна „Првиот се памти“, албумот најавен за следната година ќе биде вистински музички деликатес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот