Измени во сообрајаќниот режим во Скопје поради „Женската Авицена трка“

Утре одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 08.30 до 10.30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојуз на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје.

Трката ќе започне од од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, по што учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул.„8-ми Септември“ кај хотел Александар Палас, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје.

Од тие причини за сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градски парк.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот