Измамник измамил компанија од Кавадарци

такси

Во полиција измамата ја пријавил управител на такси компанија кој појаснил дека е олеснет за 18.000 денари.

Измамник измамил такси компанија од Кавадарци и ја оштетил за 18 илјади денари извести МВР.

На 13 овој месец во 13.50 часот во полициската станица во Кавадарци, кавадарчанец, управител во такси компанија од Кавадарци, пријавил дека бил измамен.

– На шести овој месец околу 9.50 часот, по телефон му се јавило лице Г.К., менаџер на деловен субјект од југот на државата и му побарало превоз со минибус на неколку лица од аеродромот Скопје до Гевгелија. Крајната дестинација да биде Охрид, превозот би чинел 18.000 денари. Според пријавеното, по кратко време Г.К. повторно му се јавил и го замолил да испрати 15.600 денари во Куманово, преку конкретен такси возач од Велес, за да бидат купени подароци за гостите. Тој го контактирал таксистот кој го известил дека парите ги дал на лице во Куманово, но подароци сѐ уште нема донесено, со што пријавувачот сфатил дека е измамен – појаснуваат од МВР.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот