ИЗЛОЖБА во Пожаревац: „Редизајн на југословенскиот дизајн“ од Зоран Кардула

Македонскиот графички дизајнер Зоран Кардула со изложбата „Редизајн на југословенскиот дизајн“ се претстави пред ликовната публика во Галеријата на современата уметност во Пожаревац, Србија. Изложбата содржи околу 90 плакати од две тематски целини: редизајн на југословенските брендови (од туристички брошури преку амбалажи на производи и рекламни материјали до значајни плакати за културни, спортски и политички манифестации) и илустрации на монументалните бруталистички споменици на антифашистичката борба во Југославија.

Визуелните истражувања кои Кардула ги реализира со графичкиот дизајн се значајни затоа што на иновативен начин го преиспитуваат југословенскиот модернизам и на тој начин го промовираат таквото наследство со реинтерпретација на содржините низ нови медиуми и во современ контекст, известија српските медиуми.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот