Изложба на скулптури во МКЦ: „Модулар“ на будноста, свесноста, солидарноста и скромноста

Младинскиот културен центар во Скопје ја врати својата галерија во вообичаениот ритам на активности. Од 12 до 22 јуни во галеријата е поставена изложбата на скулптури „Модулар“ од Ненад Тонкин.

Идејата за „Модулар“ доаѓа од набљудување на градот и сосема спонтаната анализа на состојбата во него. При таа анализа Тонкин размислува во насока да ги спои потребата за естетика во јавниот простор, како и потребата од мултифункционални јавни простори, кои ненаметливо ни нудат содржини и значења и нѐ мотивираат да го искусуваме градот во кој живееме.

– Она што Тонкин намерно или ненамерно го прави при обмислувањето на модуларниот принцип на неговите објекти е поврзување со просторот во кој би ги поставил – не само од аспект на прилагодливост и ненаметливост во просторите што им припаѓаат на сите, туку и со принципите на кои почива природата: растење, развивање, опаѓање, непрестајно менување. Или, ако би решиле да бидеме поетични, би можеле да речеме дека во сржта на овој циклус почива ДНК на човечкото – онаа нишка што полека ја губиме и на која е нужно да се навратиме пред да се доуништиме себеси и светот што ни е потребен: нишката на будност, свесност за другиот, солидарноста и скромноста – напиша професорката Јана Јакимовска.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 35, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 јуни 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот