Излезе „Културен печат“ број 65 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ (23-24.01.2021), го отвораме со фотографии на вредни дела од колекцијата на Националната галерија, а меѓу содржините има:

– интервју со Тина Иванова, в.д. директорка на Филхармонија: Свесно и разумно ја прифативме целата ситуација

– разговор со филмскиот режисер Гоце Цветановски: Филмската машинерија е како лавина

– Балканска книжевна награда – романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е кандидат за „Балканика“

– МНТ ќе биде дел од интернационалниот проект „Патиштата на хероите“

– Националната опера и балет со нов раководител на Операта

– Фондација „Славко Јаневски“: Четириесет дела конкурираат за „Роман на годината“

– Охридска академија на хуманизмот – Награда за хуманизам за академик Абдулах Шарчевиќ

– Македонски ПЕН центар – Прегледот за 2020 година е објавен на англиски јазик

– Фонд на холокаустот – успешно прво издание на конкурсот „Раскажувам фотографија“

– промоција на СЏФ-календарот со пригодно и пријатно онлајн дружење

– специјален повик: Испратете писмо до МКЦ

– драмски текст „9“ од Гоце Ристовски – Крик за спас на индивидуата

– библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид ја објави книгата „За Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Стојчевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски

– книжевен превод на „Теорија на чудноста“ од Павла Хоракова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот